Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е лидер на табелата во Првата лига (ПМФЛ), а заокружи еден импресивен циклус, тоа е една година без пораз на домашната фудбалска сцена. Под водство на Гоце Седлоски, тимот не знае за пораз цела една година. Последен пат тимот доживеа пораз во меч на македонските терени на 16 февруари 2025 година, кога не освои бодови против Шкендија. Вкупно, 37 натпревари клубот не знае за пораз, пет од нив се во ...
Веројатно никој, па ни самите фудбалери, тренерот Гоце Седлоски и фановите, ни во најубавите соништа не претпоставуваа дека по ланскиот пораз од Шкендија, на тој 16 февруари 2025 година, ќе следува блескава серија без пораз. А таа серија, еве денеска се навршуваат година дена, трае ли трае. Вардар – Шкендија 1:2, стрелци беа Закариќ, Ибраими и Тамба, во тоа прво пролетно коло минатата сезона, а денеска исто така 16 февруари, само 2026 ...

