Комерцијална банка денеска ги објави предлог Одлуките за претстојното Собрание на акционери на Банката, кое ќе се одржи на ден 29.03.2023 година. Износот на дивиденда, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2022 година, донесена од Надзорниот одбор на Банката на 22.02.2023 година, изнесува: – за 1 обична акција бруто-износ од 500,00 денари, односно 50,0% во однос на номиналната вредност од ...
Комерцијална банка на 31.12.2022 година има вкупно 5.695 акционери, стои во годишниот извештај за работењето на Банката за минатата година, објавен преку Македонската берза.. -Вкупниот број на издадени акции заклучно со 31.12.2022 година изнесува 2.279.067 обични акции. На 31.12.2022 година вкупниот број акции со право на глас изнесува 2.278.054 акции. Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје е акционер со квалификувано учество во Банката и поседува ...