Претседателот на Собранието Талат Џафери го дискриминирал пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. -Се утврдува директна дискриминација врз лицето Димитар Апасиев врз основа на политичко уверување во областа на правосудство и управа, сторена од страна на Собранието на Република Северна Македонија и Талат Џафери од функција на претседател на Собранието, се наведува во мислењето ...
Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум за Законот за ратификација на ...