Празнична магија во Штип - градот блеска со светилки, украси и накитени мостови Новата 2026 е на прагот, а нашите градови, еден по еден, почнуваат да живеат во празничен дух. Празничната еуфорија го зафати и Штип, кој изгледа прекрасно со сите новогодишни украси - да посакате веднаш да го посетите! Откако пред неколку дена беа накитени делови од Скопје, сега и Штип блесна во полн сјај и ја донесе магијата на Нова Година и Божиќ во центарот ...
Градот Штип блеска во новогодишно руво. Новогодишната елка со светилки во црвена боја го краси плоштадот „Слобода“, а центарот на градот веќе ја раскажува празничната приказна дополнета со детска радост, семејна топлина и искрено единство. Мостовите се накитени со светилки, а има илјадници светилки и низ самиот град. Тука се и големи украсни топки направени од светилки, блескави ѕвезди пред кои се фотографираат и децата, но и возрасните. И ...

