Екипата на Шкендија предмалку објави дека денеска ги пушти во продажба билетите за претстојниот реванш дуел од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции, против тимот на Хиберниан. Мечот стандардно се игра на Арената Тодор Проески во Скопје, и е закажан за в четврток од 20:00 часот. Продажните места се набројани во линкот подолу. ...

Утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, екипата на Шкендија го игра реванш дуелот од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Хиберниан од Шкотска. На првиот дуел на гости, тетовци загубија со 2:1, а сега треба да ја анулираат негативата и да се пласираат во плеј офот, последната пречка пред групната фаза во ова натпреварување. Составот на Шкендија е релативно истиот нема поголеми ...

Македонскиот ракометен шампион РК Вардар официјално ја започна продажбата на сезонските билети за претстојната натпреварувачка сезона. Цената на сезонскиот билет изнесува 4.500 денари. Со неговото купување, верните навивачи на „црвено-црните“ ќе имаат можност да ги следат сите домашни натпревари на клубот. Билетот ги опфаќа возбудувањата од домашниот шампионат, но и сите мечеви од групната фаза во Лигата на шампионите. Од клубот ги повикуваат ...