Од што? Па од нивната реалност, онаа викана „синдром на Алиса во земјата на чудата“ каде поединци – кај нас и цели групи, или секти! – во нивната болест успеваат да „препознаат“ целосно друга, извртена реалност, а себеси се гледаат во сесема поинаква светлина и пропорции. Во тој и таков нивен „свет“ тие не се веќе мали, политички и општествено безначајни а интелектуално скандалозно поразени, туку почнуваат да смислуваат „филмови“ и „бајки“ со ...
Не можам да се сетам – одамна беше – дали оној 8 септември 1992 година беше жежок ден, можеби еднакво како денот во уште подалечната 1865 година кога Чарлс Лудвиг Доџсон, попознат под псевдонимот Луис Карол, ја објавил неговата Алиса во земјата на чудата и дали воопшто знаел дека некаде постои некоја Македонија која, кога-тогаш, безмалку до збор ќе се трансформира во неговиот опис на земјата на чудата. Но тоа и се случи тој 8 септември 1992 ...

