Македонската демократија очигледно има стекнато силен имунитет на партиските егзибиции штом егзекуцијата на главниот државен обвинител помина како и да не се случила. Неговата смена, се разбира, е најмал проблем на демократијата, туку е проблем на нешто што е поважно а тоа е уставната поделба на власта во државата и начелата за независност на судско-обвинителската власт, кои се темелот на здрава демократска држава. Но нашата држава очигледно ќе ...

Соња Крамарска Остана нејасно од каде ги влечеше премиерот оцените дека обвинителот Коцевски не е на висина на задачата, бидејќи премиерот не е компетентен за такви оцени, а Советот на јавни обвинители го одби предлогот за разрешување на Коцевски. Што значи дека обвинителите кои се единствени стручни да ја оценат работата на главниот обвинител не дадоа негативна оцена за неговото работење. Ќе видиме каков обвинител сега ќе постави Владата. ...