Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави, во пресрет на истекот на договорот Нов СТАРТ со Русија, дека секој нуклеарен договор со таа земја мора да ја вклучи и Кина. Рубио на прес-конференција потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп во минатото јасно ставил до знаење оти е невозможно да се постигне вистинска контрола на вооружувањето во 21 век доколку во процесот не биде вклучена Кина, поради нејзините „огромни ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Кина треба да биде дел од сите идни разговори за воведување ограничувања на нуклеарното оружје, истакнувајќи го „огромниот и брзорастечки арсенал“ на земјата. –Мислам дека претседателот ќе се изјасни за тоа подоцна. Очигледно, знаете, претседателот во минатото беше јасен дека за да има вистинска контрола на оружјето во 21 век, невозможно е да се направи нешто што не ја вклучува Кина ...