Германија стигна до втората победа во главната фаза, оваа селекција е единствената со максимален ефект во својата група, но селекторот Алфред Гисласон сепак е незадоволен од она што го гледа од своите избраници. Анди Волф беше најзаслужен за триумфот со фантастични 23 одбрани против Норвешка, но Гисласон е свесен дека не може да се „крсти“ само во голманот на претстојните предизвици со Данска и Франција, дуели кои ќе бидат клучните во трката ...

Репрезентацијата на Германија ја победи Норвешка (30-28) во рамките на втората фаза на Европското првенство. Сепак, до овој триумф Германците стигнаа со многу мака. Голманот Андреас Волф блесна и собра 23 интервенции, а блесна и младиот Марко Гргиќ кој даде седум гола само во второто полувреме. Тие двајца направија разлика и го поведоа тимот кога речиси ништо не одеше. Селекторот Алфред Гисласон беше задоволен од исходот, ама посочи дека оваа ...