Шпанскиот висок суд ја суспендираше истрагата за шпионирањето на шпански политичари од страна на софтверот „Пегасус“ на израелската компанија НСО Груп, наведувајќи го недостатокот на соработка од израелските власти. Истражниот судија Хозе Луис Калама рече дека истрагата не може да напредува бидејќи без информации побарани од Израел не било можно да се идентификуваат осомничените, објави Ројтерс. Истрагата беше започната во 2022 година откако ...

Највисокиот кривичен суд во Шпанија по втор пат ја суспендираше истрагата за користењето на израелскиот шпионски софтвер „Пегасус“ за прислушување на мобилните телефони на највисоки државни функционери, вклучувајќи го и премиерот Педро Санчес. Причина за ваквата одлука, според судот, е недостиг на соработка од страна на израелските власти, објави Гардијан. Истрагата започна во мај 2022 година, откако шпанската влада објави дека телефоните на ...