И неважно дали ќе станеме рамноправна членка некогаш или само ќе се движиме на тој пат. Та не го разбираат во ДПМНЕ. Самата кооперација во процесот на интеграција за нас е можност за реформи со стручна и материјална поддршка на ЕУ институциите. Демек ќе сме можеле сами. Се покажа, ништо не можеме сами, ништо. Да можевме … Политиката на премиерот и на претседателката во однос на ЕУ е анти ЕУ политика. Приказните за идентитетот и за другите ...

Надворешно политичките одлуки што беа носени во последните години не само што ги обликуваат политичките опции на новата власт, туку ќе имаат долготрајни ефекти врз статусот на државата во меѓународните односи. Велат дека како ќе ги дефинирате вашите национални интереси, така ја дефинирате вашата земја. Од тоа како беа досега дефинирани, ни оставија држава во срам. Бесрамноста стана главна карактеристика на македонската надворешна политика. ...