Италија ги пропушти последните две светски првенства, па јасно е зошто на претстојниот дуел со БиХ закажан за вторник во Зеница се гледа како на дуел „да се биде или не“ за „аѕурите“. Притисокот е огромен, па така и легендата Франческо Тоти го најави дуелот со БиХ како меч „да се биде или не“ за италијанскиот фудбал. „Во вторник играме во БиХ, каде не очекува тежок и незгоден натпревар. За нас е: победа или смрт!“, порача Франческо Тоти. Тој ...
Италија веќе долго време е без пласман на најголемиот фудбалски настан, Светските првенства каде низ историјата имаат забележано четири триумфи. Меѓутоа „аѕурите“ ги „промашија“ шампионатите во Катар и Русија и постои опасност тоа да се повтори и со турнирот во САД, Мексико и Канада. За да се избегне тоа сценарио избрнаиците на Гатузо ќе мора да ја добијат Босна и Херцеговина во Зеница во финалето на баражот кое е закажано за вторник од 20:45 ...

