Вечерашната програма во НБА лигата ќе биде осиромашена за еден меч и тоа дербито на Западот меѓу Минесота Тимбервулвс и Голден Стејт Вориорс. Оваа средба требаше да се игра во „Таргет Центарот“, но по последните случувања во Минеаполис каде федерални безбедносни сили застрелаа едно лице одлучено е натпреварот да не се игра поради безбедносни причини. Истиот веќе доби нов термин и ќе се игра во текот на утрешниот ден. ...

Натпреварот меѓу Минесота и Голден Стејт, кој требаше да се одигра вечерва е откажан поради сериозната безбедносна состојба во Минеаполис. Причината за ваквата одлука се немирите кои избија по интервенција на федерални агенти, при која за време на апсење беше убиен еден маж. Овој инцидент предизвика нов бран насилство и судири на улиците, поради што НБА процени дека не постојат услови за безбедно одигрување на натпреварот. Оваа пукање е трето ...