На 30-ти септември (сабота) во пабот Порта Џез во Битола, во организација на Дебатно Кино Контра Кадар и Пондер ќе се одржи саем на книга и стрип. Посетителите на саемот кој ќе биде отворен во 12 часот, ќе имаат прилика да присуствуваат на промоции на стрипови и книги, интересни книжевни дискусии и да слушаат супер кул домашна музика. Дел од овој настан ќе бидат и книгите на неколку скопски издавачки куќи и книжарници: „Темплум”, Или-или”, ...
Во организација на „Пондер“ и „Контра кадар“, викендов, од 30 септември до 1 октомври, ќе се одржи Саем за книги и стрипови. Со почеток во 12 часот, во битолскиот локал „Порта Џез“ ќе се отвори саемот, а веднаш потоа следува промоција на издание на Ponder Books – re:vivify на Гаја Смилевска и Тажни, заљубени виножита на Михаил Марковски и Бојан Станиќ. Првиот ден ќе продолжи со дискусија со „Урбариум“ на тема „Читачките навики на битолчани“, а ...