Крилниот фудбалер на Портсмут, Миленик Али, ќе има можност да дебитира на претстојниот меч со Македонија откако овој 26-годишен крилен офанзивец беше дополнително повикан од страна на селекторот Халгримсон. Семи Смодич мораше да се врати во својот клуб откако доби потрес на мозокот на последниот дуел со Чешка, а крајно неизвесно е дали Халгримсон ќе може да смета на Џек Тејлор, кој поради семејни причини ја напушти базата на националниот тим ...

Македонската фудбалска репрезентација утре од 20:45 часот гостува кај Република Ирска во натпревар без резултатско значење. Двете селекции беа елиминирани во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство, па дуелот во Даблин ќе има повеќе пријателски карактер. Иако натпреварот нема резултатска важност, тој ќе биде вистински тест за карактерот на оваа репрезентација. Македонија одигра под очекувањата против Данска и заслужено беше ...