Станува збор за 24-годишна кумановка и 41-годишен жител на селото Љубодраг, кои биле лишени од слобода по контрола во угостителски објект во селото Доброшане. Акцијата ја спроведоа полициски службеници од СВР Куманово во соработка со инспектори од Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи. При проверката биле затекнати вкупно 15 малолетни лица, а кај 11 од нив било утврдено присуство на алкохол. ...
Куманово, 20 јануари 2025 (МИА) - При контрола во угостителски објект во село Доброшане кумановско, полицијата, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи затекнале 15 малолетници на приватна прослава, од кои единаесет консумирале алкохол, сооопшти денеска СВР Куманово. -Изминатиот викенд во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 24-годишната М.П. од Куманово и М.В.(41) од кумановското село ...

