Збирката раскази „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски излезе од печат во рамките на едицијата ПРОаЗА, на издавачот „Или-Или“ од Скопје. „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски е книга што уште со насловот го најавува својот силен адут: непосредноста. Овие избрани раскази се раскажани со исповедна отвореност, како доверлив разговор во кој животот не се разубавува, но ниту се претвора во повод за самосожалување. Авторката зборува за љубовта и ...

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави збирката раскази „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски. Книгата е објавена во едицијата „ПРОаЗА“, како нејзино 251. издание. Збирката содржи избрани раскази напишани со исповедна отвореност и непосредност. Преку нив авторката зборува за љубовта и разочарувањата, семејството, насилството, осаменоста, стареењето, спомените и малите секојдневни радости. Посебно место во книгата зазема книжевното ...