Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворен Патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“. На програмата се „24“ – изложба на фотографии од Никола Јовановиќ и проекции на филмовите – „Митот за Сара“, „Мангава диско панк“ и „Долу од рајот“ од Саша Станишиќ. Во својата основа целта на фестивалот е да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија ...

Културниот информативен центар (КИЦ) во Скопје во соработка со сродните културни центри од Скопје, Кратово, Крушево и Битола организира интердисциплинарен и мултимедијален патувачки фестивал „Културен амалгам“ кој ќе започне денеска, на 23 јули (вторник) со почеток во 20 часот во просториите „Империјал 2“ и „Салон 19:19“. Во својата основа овој фестивал има за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во ...