Седум комбиња, еден мини-камион, шест камиони и шест патнички возила излегоа од кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на скопската компанија Алфафарм ДОО Скопје, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис. Ова е првата локација од која, според информациите на „Скопје1“, се запленети околу девет тони марихуана. Според нашите извори, на теренот покрај полициски службеници и ...
Во рамките на истрагата поврзана со заплената на пет тони марихуана во Србија, која наводно потекнувала од фабрика за производство на медицински канабис во Македонија, полицијата вечерва заплени десетици тони марихуана од компанијата „Алфафарм“, која се наоѓа во кругот на поранешната фабрика ОХИС. На снимката која вечерва ја објави телевизијата „Алфа“ се гледаат камиони со натоварената марихуана како го напуштаат кругот на поранешен ОХИС. ...

