Ракометната репрезентација на Македонија вчера по напорно патување од Швајцарија, преку Германија и со три прелети пристигна во дански Силкеборг. Иако беше планиран прв тренинг на данско тло во попладневните часови, стручниот штаб на чело со селекторот Кирил Лазаров реши да ги поштеди играчите. Причината беше тешкото патување до Данска, па тимот доби попладне за одмор и аклиматизација. Сепак, веќе денес македонските ракометари продолжуваат во ...

Македонската ракометна репрезентација не губи ниту минута во Силкеборг. Избраниците на Кирил Лазаров утрово го одработија првиот претпладневен фитнес-тренинг на данско тло, фокусирајќи се на физичката издржливост која ќе биде клучна за претстојниот старт на ЕП 2026. Силкеборг како база за „челичен“ успех Сместени во мирниот Силкеборг, нашите ракометари ги користат максималните капацитети за да ја достигнат врвната форма. Првиот дел од денот ...