Фудбалерите на Лион славеа на „Луј Втори“ против Монако (1-3), во натпревар од 17. коло од француската Лига 1. Гостите до триумфот стигнаа на крилата на Павел Шулц, кој ја погоди мрежата на „кнезовите“ во 38. и 57. минута.Малку фалеше натпреварот да се движи во спротивна насока. Мамаду Кулибали израмни во третата минута од судиското продолжение од првото полувреме, а потоа, по интервенцијата на ВАР, на домашните им беше поништен гол во 52. ...
Лион забележа важна победа на гостински терен против Монако со 1-3 во 17-тото коло во француската Лига 1. Со овој триумф, Лион замина на двонеделната пауза во шампионатот во добро расположение, како петтопласиран тим со 30 поени, додека Монако има седум бода помалку и е на деветтата позиција. Натпреварот го обележаа двојниот стрелец Павел Шулц и инцидентот со Мамаду Кулибали, кој прво постигна гол за Монако, а потоа доби директен црвен картон ...

