Се уште се бара младиот Стивен Ивановски, кој исчезна за време на пожарот во бар во швајцарскиот ски центар Кран-Монтана. Негова блиска роднина за Сител вели дека се пребаруваат болниците во Франција и Италија. На прославата со Стивен била и неговата сестра, но таа успеала да излезе од барот меѓу првите и поминала само со полесни изгореници. Според информациите објавени на социјалните мрежи, Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер. ...

Тројца српски државјани се повредени а еден е исчезнат во пожарот за време на новогодишните прослави во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, изјави амбасадорот во Швајцарија, Иван Трифуновиќ за Радио телевизија Србија (РТС) во петокот вечерта. „Идентификувавме четири имиња, од кои сме во контакт со две семејства, при што три од тие четири имиња се идентификувани како повредени а едно лице е исчезнато. Сепак, се разбира, не знаеме дали ...