Ѕвездата на Сантош, Нејмар не се најде на списокот на Карло Анчелоти и за овој „прозорец“ кога е во прашање бразилската репрезентација, „прозорец“ во кој „кариоките“ одиграа со Франција и загубија, а ги очекува и соочување со Хрватска. Со ова дополнително се намалија шансите на Нејмар да биде дел од составот на Бразил за престојното Светско првенство иако Анчелоти порача дека ништо не е одлучено и дека вратата се уште е отворена. Дон Карло ...
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, денеска кристално јасно стави до знаење како сака да игра неговиот Бразил. „Жого бонито (Убава игра)? Последните две Светски првенства што ги освои Бразил беа освоени со комбинирање на талент и одбрана. Со Сколари и неговите три централни бекови во 2002 година, на пример, и во 1994 година, Пареира користеше две линии од по четири играчи за да го искористи Ромарио во нападот. Нема друг начин освен добро да ...

