Дури 84 отсто од граѓаните одговорија со „да“ на неодамнешното прашање на „Слободен печат“ дали треба забрана за социјални мрежи на деца под 16 години, откако Австралија воведе вакви рестрикции од стартот на годинава. Истовремено, повеќе од 2.500 граѓани ја потпишаа и петицијата на „Иницијатива за безбедно детство“, составена од родители, наставници и граѓани што бараат системска заштита на малолетниците во дигиталната средина. Група ...

Додека Австралија стана пилот-држава што воведе рестрикции за користење социјални мрежи кај младите под 16 години, дебатата се разгорува и во други земји. Во Македонија, засега, и властите и дел од стручната јавност се на став дека избрзана забрана може да предизвика контраефект и да отвори прашања околу ограничување на слободите. Анкета на Слободен печат покажала дека 84 отсто од граѓаните поддржуваат забрана за деца под 16 години. ...