Охрид вечерва е крунисан во нов „владетел“ на ЕХФ Европскиот куп, честитки сигурно ќе стигнуваат од сите страни, а меѓу првите се огласи токму европската ракометна федерација ЕХФ. „Охрид е новиот шампион на ЕХФ Европскиот куп“, гласеше објавата веднаш по завршувањето на реваншот. „Македонскиот тим испиша историја и ја осигура првата европска титула со возбудлива победа над Татабања“. И навистина… македонскиот ракомет продолжува да испишува ...

Охриѓани чекаа и дочекаа – трофеј во витрините на овој македонскиот суперлигаш откако нашите „сино-бели“ и на двата меча беа подобри од оние унгарските од Татабања. Охрид имаше целосна контрола и на синоќешниот реванш, тимот покажа и квалитет и карактер, а кога беше означен крајот – охриѓани покажаа и дека знаат како да прослават. Фешта меѓу играчите на теренот, лудило и на трибините на „Билјанини извори“, апсолутно заслужено по сето она што ...

Чувство на радост и гордост донесе освојувањето на ЕХФ Европскиот куп од страна на ГРК Охрид кај сите искрени љубители на ракометот и спортот во Македонија. Веднаш по крајот на финалето во кое беше победена Татабања од Унгарија, почнаа да пристигнуваат честитки до охриѓани од Европската ракометна федерација, од Ракометната федерација на Македонија, се јавија и ривалите од Вардар 1961, Еурофарм Пелистер… Чувство на радост и гордост ...