Министерството за внатрешни работи подготвува нова мобилна апликација со која граѓаните ќе можат брзо и лесно да имаат целосен увид во сообраќајните казни, како и повеќе опции за нивно плаќање. Проектот е дел од пошироката иницијатива „Safe City“, чија цел е дигитализација и модернизација на сообраќајниот систем во државата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во телевизиско гостување најави дека новиот систем ќе овозможи плаќање ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека проектот „Safe City“ ќе овозможи поедноставени и повеќекратни начини за плаќање на сообраќајните казни, како и дополнителни дигитални услуги за граѓаните. Во гостување за телевизија Сител, Тошковски изјави дека, покрај констатирањето сообраќајни прекршоци, системот на камери може да се користи и како дополнителен доказен материјал при откривање други прекршоци и кривични дела, во ...