Над 140 деца се на листата за чекање за прием во детската градинка во Куманово. Капацитетите на „Ангел Шајче“ се максимално искористени. Од предвидените 1.550 запишани се 1.820 дечиња. Но на дневно ниво исполнети се до 80 отсто од капацитетите. Сите слободни простории во изминатиот период биле искористени за проширување. И покрај најавите сè уште не започната изградбата на нова градинка. Неодамна назначената директорка, ќе се обиде со ...

БИТОЛА – Во Битола се изградија две нови градинки и уредувањето е во финална фаза, а една градинка се адаптира во функционален објект и се отвори пред еден месец. Новите градинки, коишто се очекува да бидат ставени во функција во 2026 година, се со вкупен капацитет од 460 деца. Градинката што се отвори неодамна веќе згрижува плус 76 дечиња. Во Општина Битола има две јавни установи кои стопанисуваат со детските градинки: во ЈОУДГ „Естреја ...