Досегашниот играч на тимот на Силекс, босанкиот интернационалец Алдин Хрвановиќ си замина од Кратово и го засили тимот на Радник Бјелина. Напаѓачот во изминатата полусезона постигна три гола во дресот на Силекс, но ете зимава се реши да го напушти тимот. Се сели во седмопласираниот тим од шампионатот на Босна, што ќе рече дека во Силекс во овој преоден рок ќе пристигне адекватна замена за него. Хрванововиќ иако има 27 години во кариерата има ...

Босанскиот интернационалец Алдин Хрвановиќ кој го напушти Силекс, кариерата ја продолжи во Радник Бјелина. Напаѓачот за Силекс во Првата македонска фудбалска лига одигра 15 натпревари, а на кои постигна три гола. Во македонскиот Куп, сега веќе екс фудбалерот на Силекс одигра два натпревари и постигна три гола, додека пак во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, за тимот од Кратово настапи на двата натпревари и постигна еден гол. ...