За место во Советот на Општина Битола битка одлучиле да водат 16 советнички листи или вкуно 496 кандидати, ако се има предвид дека бројот на места во советот е 31, по толку лица на секоја листа. Ова се листите кои ги објави Државната изборна комисија, а кои беа поднесени во Општинската изборна комисија во Битола. Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти ...

Во Прилеп до Општинската изборна комисија беа поднесени девет кандидатури за градоначалник на Прилеп, од кои четворица се на независни кандидати, а пет зад кои застанале политички партии, пренесува „Тера“. Препорачано „Група избирачи Љупчо Дунимаглоски“ „Група Избирачи Ѓорѓија Игески“ „Група Избирачи Борче Чупетрески“ „Група Избирачи Павлинче Матеска“ „Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ“ – Петра Лукароска „Македонска Ера ...