Во Собранието, во рамки на 29-тата седница, попладнево почна расправата по првата точка од дневниот ред – интерпелација за работата на Илире Даути – пратеничка на Алијанса за Албанците од коалицијата „Европски фронт“, претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. Интерпелацијата во ноември до Парламентот ја поднесоа шесте пратеници на Левица, а денеска ја образложи пратеникот Сашко Јанчев. Рече дека Илире ...

Пратениците попладнево, со 61 глас „за“, 22 против и ниту еден воздржан, ја поддржаa интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути, која ја поднесе пратеничката група на Левица. Даути е пратеничка од Алијансата на Албанците на Зијадин Села, која е во коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Собранието констатира дека наводите за работата на Даути како претседателка на Комисијата, ...