„Не купувајте го тоа ѓубре! Никогаш не сум рекламирал, ниту ќе рекламирам производ“. Со остра реакција се огласи микробиологот д-р Никола Пановски, откако интернет просторот повторно беше преплавен со лажни видеа и интервјуа во които се злоупотребува неговиот лик за продажба на сомнителни препарати. Пановски упати драматично предупредување до граѓаните, особено до хронично болните. Најопасно е, вели тој, што некои пациенти лажните „чудотворни ...

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со неговиот лик и име, во кои се промовираат различни производи. Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име или ќе ја видите мојата слика покрај некој производ, а во последно време и видеа, сè е тоа злоупотреба. Ако има интервју – тоа е ...