Сите капитални проекти од кои имат профитирано Албанците се дело на политичари Македонци. Тогаш која е поентата Албанците воопшто да гласаат за политички партии, прашува младиот адвокат Умејр Мухамеди. Дарко Костовски од Бутел за прв пат им изгради водоводна и канализациона мрежа на Албанците во Љуботен. Орце Ѓорѓиевски денес објави дека започнале со изградба на нова водоводна мрежа во Нерези. Коце Трајановски на времето сите улици ги ...

Економските и инфраструктурните резултати се импулс за развој за македонското мултиетничко општество Речиси три децении во политичкиот живот во Македонија се испраќаат исти пораки, се наметнуваат исти стравови и се нудат исти ветувања. Имено, пред секои избори повторно се отвораат прашања за националниот идентитет, колективните права и наводната загрозеност на етничките заедници, додека темите што директно го определуваат квалитетот на ...