Британскиот актер и комичар Расел Бренд е осуден на вкупно 10 години и шест месеци затвор, откако поротата на 9 ноември го прогласила за виновен по четири точки од обвинението – една за силување и три за сексуален напад. Делата се однесуваат на четири жени и биле извршени во периодот од 2004 до 2009 година. При изрекувањето на пресудата, судијата Џоел Бенатан го опишал Бренд како „сексуален предатор“, кој покажувал „рамнодушно и арогантно ...

Пресудата беше изречена во Кралскиот суд во Саутворк, а веднаш потоа Бренд беше ставен во притвор, пренесува *Page Six*. Поротата донесе одлука по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Судијата Бенатан претходно го предупреди дека „значителна“ затворска казна е неизбежна, а неговото барање за пуштање на слобода со кауција беше одбиено. Осудата за силување ...

Поранешната партнерка на британскиот актер и комичар Расел Бренд, Џемима Голдсмит, јавно проговори за насилството и малтретирањето што, како што тврди, го доживеала од него, откако беше осуден за силување и сексуални напади. Таа го обвини актерот за насилство, контрола и злоупотреба за време на нивната едногодишна љубовна врска во 2014 година. – Таа година бев принудена да повикам полиција за да го исфрли надвор, по преживеано насилство, но ...