Бугарските фудбалски легенди од Светското првенство 1994 година собираат пари за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани. На 27 април ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ѕвездени тимови на истакнати фудбалери од Бугарија и Република Македонија. Натпреварот го организира Фондацијата „Национали 94“ во партнерство со општина Варна. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот во дискотеката ...
Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување во надворешни центри во втора фаза, информираше денеска за МИА, доктор Игор Николов, контакт – лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани. Тој потврди дека има понуди од земји да третираат или за долгорочна рехабилитација да водат пациенти. – Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака ...