Шпанскиот медитерански брег Коста Брава е во вонредна состојба поради голем шумски пожар кој брзо се шири, а на илјадници жители и туристи им е наредено да останат во своите домови. Пожарот избувна во петок наутро во близина на градот Ла Бисбал д’Емпорда, во североисточната покраина Каталонија, на околу 20 километри од брегот кој е преполн со туристи во текот на летото. Поради силните ветрови, пожарот брзо се прошири кон населените подрачја, ...

Околу 150 луѓе, меѓу кои и 70 деца од летниот камп Пау де Глас, во близина на градот Бисбал д’Емпорда, беа евакуирани поради голем шумски пожар што го зафати подрачјето во близина на брегот на Коста Брава во североисточна Шпанија, додека властите за речиси 10.000 жители на седум општини во областа Гаварас ги задржаа на сила мерките за останување во своите домови поради ризикот од понатамошно ширење на пожарот, објавија светските медиуми. ...