Потврдени се нови три случаи на вектор преносливите болести кои до вчерашниот ден не беа потврдени, рече Сашо Клековски, министер за здравство, на денешната прес-конференција. „Два се на Инфективната клиника, еден на Неврологија. Тој на Неврологија е потврден само на еден од тестовите. Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести е дека, настрана случаите што се поврзани со Грција, има дефинитивно ...

Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај, што е на ниво на фреквенција на инциденца пред 25 јуни, кога биле регистрирани помеѓу 50 и 100 случаи, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Тој додаде дека е подобрен квалитетот на водата во градскиот водовод и дека има подобро хлорирање. – Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемија мора да има само кога врз ...