По долги години посветеност на создавање содржини што пленат и инспирираат, “Тутстарс“ е новиот проект на „Светот на Биби“ во соработка со српската Декси Ко DexyCo кој носи нов свет, нова магија и нови јунаци кои ќе ги освојуваат срцата на најмладите. Соработката претставува силен исчекор кон глобален пазар и поставува нови стандарди во регионалната продукција на детска анимација, вели режисерот Цветановски. Дали нешто допрело до едно дете, ...
Скопје, 12 декември 2025 (МИА) – Во киното „Синеплекс“ денеска премиерно беше прикажана пилот-епизода од новата анимирана серија за деца –„Фамилијата Тутстарс“ (The Toothstars) – која е резултат на соработка меѓу продукцијата „Светот на Биби“ и InnovaRights & Licensing - партнерска компанија основана од DexyCo во Србија. Режисер е Гоце Цветановски кој изјави дека се работи за нова франшиза наменета за деца од шест до девет години односно ...

