Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип вечерва во 19 часот концерт ќе одржат чешкиот кларинетист Карел Дохнал и нашата пијанистка Наташа Трбојевиќ. Со концертот почнува второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика што го организира Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Фестивалот предвидува концерти на познати музичари од различни држави и мастеркласови кои уметниците ќе ги одржат за студентите од ...
Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ го најавува второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика што ќе се одржи во Штип од 27 мај до 3 јуни. Фестивалот предвидува концерти на многу познати светски имиња од различни држави, а воедно и мастер-класи кои овие врвни уметници ќе ги одржат за студентите од Музичката академија. Ова е одлична можност за студентите да се запознаат со врвни уметници од современата музика, а ...