Градоначалникот на Општина Центар ,Горан Герасимовски, одржа средба со претставници на Здружението на пензионери на Општина Центар, на која се разговараше за тековните и претстојните проекти, како и за поголемо вклучување на пензионерите во активностите што ги спроведува општината. На состанокот, градоначалникот ги повика пензионерите да ја искористат можноста за бесплатни здравствени прегледи и консултации со тим специјалисти, што ќе се ...
Со финалниот натпревар во кошарка, во реконструираната сала „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ги затвори училишните спортски игри „Лига Центар“ 2025/26. Завршниот кошаркарски меч се одигра меѓу најдобрите училишни екипи на ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „Кочо Рацин“. Со овој натпревар, симболично беше одбележан крајот на сезоната, а победа оствари тимот на ООУ „Димитар Миладинов“. ...

