Нема раст, нема повисоки плати, има само долгови и осиромашување на граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочувајќи дека ребалансот на Буџетот, води кон нови задолжувања и дополнително осиромашување на граѓаните. „Нема ниту економски раст, нема поголеми плати, има само уназадување. До крајот на годината ниту еден граѓанин не може да очекува подобрување на животниот стандард, туку напротив ...

Со ребалансот на Буџетот, како што тврди лидерот на социјалдемократите, Владата крати кај младите, социјално ранливите граѓаните, кај стопанството, а предупреди и дека извршната власт нема обезбедено доволно средства ниту за редовна исплата на пензиите Дополнително, претседателот на СДСМ посочи дека наместо Владата да инвестира во младите и иднината на државата, со ребалансот ги намалува средствата токму во програмите што треба да обезбедат ...