Во ФИКТ Битола вчера и денес се оджува првиот “Климатонот“, каде што амбициозните тимови работеа на своите иновативни еко решенија за почиста и поодржлива иднина, со инспиративни воведни сесии и поддршка од ментори, се со цел да дадат идеи кои можат да направат вистинска промена во заедницата. По 24 часа интензивна работа, прво место на “Климатонот“ освои тимот од Техничкото училиште од Битола под менторство на професорката Александра Колевска. ...

Креативни решенија, иновации во поглед на решавањето на проблемите предизвикани од климатските промени понудија млади тимови од 50-ина студенти викендов за време на првиот „Климатон“ што се одржа на Факултетот за информациски и комуникациски технологии, при Универзитетот „Климент Охридски“ во Битола. Студенти, средношколци, ентузијасти учествуваа на првиот настан од ваков тип, што го организираше Центарот за развој на менаџери и претприемачи ...