Тажна слика доаѓа од демирхисарското село Бараково. Плодната земја, која требаше да донесе леб на трпезите, денес е претворена во непрегледно езеро. Излевањето на Црна Река предизвика катастрофа за локалните земјоделци, кои со солзи во очите гледаат како водата го уништува нивниот труд. Жителите реагираат емотивно, потенцирајќи дека штетата не се мери само во квадрати земја, туку во егзистенција. „Ова не се обични парцели. Ова е лебот, ова е ...

Ова не се обични парцели. Ова е лебот, ова е храната без која не се може. Ваква е реакцијата на жители на демирхисарското село Бараково чии земјоделски површини од кои живеат деновиве беа погодени од поплави. Водата ги покри нивите. Нивите на кои требаше да никнат и да се ожнеат многу тони пченица, и други култури, се претворени во езеро, велат по излевањето на Река Црна. Ова значи продолжување на штетите, дополнително уништување на посевите ...