Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес на прес-конференција изјави дека американска подморница потопила ирански воен брод „кој мислел дека е безбеден во меѓународни води“. Хегсет рече дека бродот бил „потопен од торпедо“. „Ова е прво потонување на непријателски брод со торпедо од Втората светска војна. Како и во таа војна... ние се бориме за победа“, рече Хегсет. https://t.co/PiqQpVIrMu pic.twitter.com/Wc1e0B0um7 — Department of War ...

Иран испукува помалку ракети отколку на почетокот на конфликтот во саботата, а неговите воени капацитети се значително намалени, изјави во среда висок американски генерал. Во исто време, САД ги прошируваат своите напади подлабоко на иранска територија, објави Ројтерс. „Сега ќе почнеме да ги прошируваме нападите во внатрешноста и да навлегуваме подлабоко на иранска територија, што ќе создаде дополнителна слобода на маневрирање за американските ...