„Називот на фирмата беше истакнат на вратата, на бел лист. Си пишуваше ДПТУ Класик ДМ ДООЕЛ Кочани“. Вака обвинетиот полицаец Кире Богатинов, се брани пред судот, откако Обвинителството откри дека казните кои биле за дискотеката „Пулс“ тој и неговите колеги ги пишувале на неактивна фирма. Тој посочи дека истата фирма била заведена и во Централниот регистар, па затоа ја навеле во службените документи. Обвинетите тврдат дека не знаеле дека ...

Ниту еден од тројцата обвинети полицајци кои седат на обвинителна клупа не знаеле дека пишуваат казни за малолетници на неактивна фирма наместо за дискотеката Пулс. Во записниците за контрола и во записниците за поведување прекршочна постапка ја пишувале фирмата Класик, бидејќи била изложена на лист во дискотеката, а истата ја имало и во Централен регистар. Дознале дека е неактивна дури откако биле поднесени кривични пријави против нив. За ...