31. коло во Првата македонска фудбалска лига донесе вистинска драма во битката за опстанок, а по денешните резултати и математички стана јасно дека Македонија Ѓорче Петров и Работнички следната сезона ќе играат во Втората лига. Најголем удар претрпе Македонија ЃП, која на домашен терен беше убедливо поразена од Тиквеш со 4:1. Кавадарчани одиграа одличен натпревар и уште во првото полувреме најавија сигурен триумф со головите на Виздом Окере и ...
31-то коло на Првата македонска фудбалска лига им пресуди на два поранешни шампиони, кои од следната сезона ќе играат во Втората македонска фудбалска лига. Работнички и Македонија ЃП се нови второлигаши, откако вчера „романтичарите“ одиграа 2:2 против Брера во Струмица, а пак „лавовите“ беа декласирани со 1:4 од Тиквеш. Покрај овие две екипи од елитата одамна е испаднат Шкупи, кој со 7:0 беше декласиран од Пелистер во Битола. Вардар веќе во ...

