Меѓу низата решенија за намалување на инфлацијата и постигнување економска стабилност и раст проф.д-р Синиша Наумоски како примарна ја посочува потребата од зголемување на продуктивноста на македонските работници. Според него, исполнувањето на оваа цел е особено важно во нашата економија која има лоша структурна поставеност, притоа имајќи предвид дека само економиите кои ќе имаат високо продуктивни работници ќе ги добиваат следните битки за ...

„Стапката на инфлација како проблем на денешницава е висока кај земји кои имаат ниска стапка на продуктивност. Односно, само продуктивноста е алатката за борба со инфлацијата. Се друго е само флертување со инфлацијата до недоглед“, вели Наумоски за „Локално“. Македонија на ова поле е во исклучително незавидна состојба. „На врвот е Германија со повеќе од 100.000 долари по вработен или скоро три пати повеќе од македонските работници. Практично, ...