Саботата во 10:54 часот во СВР Битола Б.Б.(46) од село Меџитлија, битолско, пријавил дека при изведување на градежни активности во атарот на селото, пронашол граната. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола утврдено било дека се работи за артилериска граната 75мм од Првата светска војна. Се посочува и дека гранатата била безбедно подигната. Саботата во 10:54 ...

На 13 јули 2026 година, во 09:40 часот, во СВР Куманово, С.Т. (68) од Куманово пријавил дека додека изведувал градежни работи во близина на неговата викендичка во село Косматац, кумановско, пронашол две гранати. На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Куманово, а гранатите во текот на денот ќе бидат подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. На 13 јули 2026 година, во 09:40 часот, во СВР Куманово, С.Т. ...