Куп натпреварувањата се секогаш посебни и знаат да донесат неверојатни приказни, бајки за кои се зборува и со големи букви се запишуваат во историјата, па еден најнов пример за тоа добивме денеска во ФА Купот. Пред неколку месеци Кристал Палас славеше историски резултат, титула и тоа откако во финалето на „Вембли“ го доби Манчестер Сити, но денеска е на другата страна на приказната како тим против кој е изведена една од најголемите сензации ...
Фановите на Маклсфилд го слават најголемиот успех во нивната историја, првпат по 117 години се случува аматерски клуб да елиминира Премиерлигаш, а никогаш досега не се случило тоа да биде бранителот на трофејот. Маклсфилд е клуб кој се натпреварува во Националната лига север која е шести ранг на натпреварување во Англија. Интересно, тренер на тимот е братот на Вејн Руни, Џон Руни. Денеска и Вејн Руни беше на трибините на стадионот кој собира ...
Вејн Руни беше директен сведок на подвигот на неговиот брат Џон кој денеска како предводник на нисколигашот Маклсфилд успеа да го победи премиерлигашот Кристал Палас во рамките на третото коло во ФА Купот. Кристал Палас е актуелен шампион во ова натпреварување, па токму поради ова остварениот резултат и победа од 2-1 е вистинска сензација, бајка која во ФА Купот не е видена уште од 1909 година. Фудбалска бајка: Братот на Руни донесе ...

