Наместо на трпезите на граѓаните, 355 тони храна лани завршила на депонија и била уништена како небезбедна. Небезбедно месо, млеко,риби, јајца, пијалаци, во тони нашле при контролите на внатрешниот пазар, но и на увозот инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство .Вкупната сума на изречени парични казни била 618.000 евра. Од АХВ велат дека инспекциските надзори биле спроведувани врз основа на проценка на ризик-објектите со повисок ...

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Покрај домашниот промет, предмет на контролите беа и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите беше ставен на имплементирањето и ...