Во македонската народна традиција, особено значаен период е времето од Божик до Водици, односно од раѓањето на Исус Христос до неговото крштевање. Овие дванаесет денови се нарекуваат Некрстени денови, а исто така и Ристосови или Погани денови, и според народното верување, се најризичните и најопасните денови во годината. Според старите верувања и суеверија, токму во овој период децата некрстени и жените леунки се особено изложени на влијание ...

Празникот Богојавление, меѓу народот познат како Водици, секогаш се празнува на ист датум – 19 јануари, иако денот во неделата се менува. Сепак, духовната смисла и традициите поврзани со овој голем христијански празник не се ограничуваат само на еден ден. Обичаите се распослани во период од три последователни дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител. Водопост, ...